Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.
За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.
Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.
Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.
Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.
Слични новости
Бернам: „Брегзит донесе повеќе штета отколку корист“, Британија треба да се врати во ЕУ
„Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Обединетото Кралство треба да разгледа различни опции за своите идни односи со Европската Унија“, вклучително и царинска унија, единствениот пазар, па дури и можноста за повторно зачленување во ЕУ, изјави премиерот на Обединетото Кралство, Енди Бернам.
Англија: Еден од осомничените за тероризам сам се јавил во полиција
Како што објави Би-Би-Си, еден од петтемина мажи уапсени во близина на базата на британските Кралски воздухопловни сили во Ферфорд во раните утрински часови во неделата, самиот го повикал бројот за итни случаи 999.
Трамп: Не знам дали Иран ќе се предаде но им оди многу лошо
Медиумите пренесуваат изјави на официјален Техеран кој искажува песимизам во поглед на можноста да се постигне договор за прекин на непријателствата и отварање на Ормутскиот теснец пред американските среднорочни избори во ноември.


