Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.

За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.

Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.

Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.

Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.

Слични новости

Милорад Додик прогласи победа на сите нивоа и им се заблагодари на Трамп и на Путин

Милорад Додик прогласи победа на сите нивоа и им се заблагодари на Трамп и на Путин

Неочекувано висок резултат и за самата партија заедно со коалиционите партнери ќе имаме две третини во парламентот на Република Српска. Овој резултата е сличен на овој од пред 20 години, рече Додик по пребројувањето на гласовите.

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.

Иран им се закани на земјите од Персискиот залив кои планираат да им отстапат територија на САД за напади врз Иран

Иран им се закани на земјите од Персискиот залив кои планираат да им отстапат територија на САД за напади врз Иран

На секоја нова агресија на САД и на ционистичкиот режим ако териториите на соседните земји бидат искористени, ќе одговориме на поинаков начин отколку досега„ се закани официјален Техеран.