Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.
За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.
Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.
Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.
Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.
Слични новости
Три години војна во Газа
Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.
Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона
Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени нападот како недозволив и како грубо кршење на меѓународното и поморското право. Според официјалното соопштение на владата во Софија нападот се случил околу 3 часот наутро, а биле употребени воздушни и морски дронови.
САД поставија услов за окончување на војната , клучна нуклеарната програма
„Нема да менуваме зборови за дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс и додаде дека Техеран би морал да преземе конкретни чекори во врска со нуклеарната програма, а не да нуди уверувања за идно намалување на активностите.


