Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.
За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.
Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.
Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.
Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.