Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.

За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.

Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.

Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.

Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.

Слични новости

Умре жената чие исфрлување од станот доведе до протести и избори во Шпанија

Умре жената чие исфрлување од станот доведе до протести и избори во Шпанија

Марикармен Абискал 87-годишната жена која на 23 септември беше исфрлена од нејзиниот дом во Мадрид и стана симбол на масовните протести за подобрување на пристапот за добивање станови во Шпанија, почина во болница во Мадрид.