Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.

За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.

Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.

Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.

Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.

Слични новости

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Бесент: САД влегуваат во завршна фаза во војната со Иран

Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.