Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.

За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.

Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.

Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.

Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.

Слични новости

Саудиска Арабија ја одби воената помош на Израел против Хутите и покрај зачестените напади врз нејзина територија

Саудиска Арабија ја одби воената помош на Израел против Хутите и покрај зачестените напади врз нејзина територија

Бенјамин Нетанјаху настојувал со помош на САД, да добие согласност од Саудиска Арабија за директно воено ангажирање на Израел во Јемен, но официјален Ријад ја одби понудата бидејќи смета дека воената соработка со Израел би можела да предизвика силно незадоволство на саудиската јавност.

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.