Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.
За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.
Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.
Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.
Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.
Слични новости
Пукање пред училиште во Турција, најмалку четворица повредени
Вооружено лице пукаше пред средно училиште во западна Турција, при што повреди најмалку четири лица.Нападот се случи пред средното стручно и техничко училиште во Тургутлу, град во областа Маниса.
Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН
Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.
Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција
Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.


