Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Одлуката ја закочи европската дипломатија во пресрет на четвртата годишнина од руската агресија врз Украина.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коштa, и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер лајен, заминаа во Киев по повод четиригодишнината од војната. Очекуваа договорен пакет и финансиска поддршка, а наместо тоа добија вето од Будимпешта.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул најави дипломатска офанзива. „Не верувам дека е исправно Унгарија да ја предаде сопствената борба за слобода и европски суверенитет. Ќе ги повикаме да ја преиспитаат својата позиција“ рече Вадефул.
Слични новости
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.
Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници
Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.
Путин и Си Џинпинг разговараа за зајакнување на соработката меѓу Русија и Кина
Путин истакна дека трговската размена меѓу Русија и Кина надмина 200 милијарди долари трета година по ред, додавајќи дека сеопфатното партнерство и стратешката интеракција на двете земји служат како пример за меѓународна соработка.