Унгарија јасно порача дека нема намера да биде потпора за финансирањето на Украина, повикувајќи ја Европската унија да не смета на Будимпешта кога станува збор за издвојување средства за Киев.

Золтан Ковач, државен секретар за меѓународни комуникации во кабинетот на премиерот Виктор Орбан, рече дека барањата што доаѓаат од Брисел и Киев се скандалозни.

„Украина бара од нас 800 милијарди долари,а Брисел сака тие пари да им ги земе на унгарските семејства. Испраќаме јасен сигнал до Брисел и Киев, на нас немојте да сметате“, порача Ковач во видео обраќање.  

 

 

Слични новости