Марикармен Абискал 87-годишната жена која на 23 септември беше исфрлена од нејзиниот дом во Мадрид и стана симбол на масовните протести за подобрување на пристапот за добивање станови во Шпанија, почина во болница во Мадрид.

Синдикатот изрази жалење дека спогодбата со компанијата која беше сопственик на станот од кој беше исфрлена дојде предоцна за Марикармен, пренесе шпанскиот јавен сервис РТВЕ.

Веднаш откако беше исфрлена од куќата во која живееше во изминатите 70 години во мадридскиот кварт Ретиро, таа беше префрлена во болница.

 

Претставниците на протестот поради состојбата со недвижностите во Шпанија заедно со синдикатите постигнаа договор за генерален штрајк во Шпанија на 11 ноември.

Опозицијата се противи на одлуката за протести и штрајк пред изборите во Шпанија, додека премиерот Педро санчез изјави дека владата ќе го почитува уставното право и го поддржа протестот.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.