„Тајм оф Израел“ повикувајќи се на двајца високи арапски преговарачи, објави дека учеството на пратеникот на Трамп Стив Виткоф во преговорите, во една единствена рунда од разговорите направи повеќе за да „го поттикне Нетанјаху“ да го прифати договорот, од притисокот на Бајден во текот на цела една година.
Уште пред американскиот претседател Џо Бајден да го најави договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, неговиот обид да оствари голема надворешнополитичка победа во последните денови од неговата администрација, беше засенет од неговиот политички ривал Доналд Трамп.
Трамп кој идната недела ќе биде инаугуриран како 47 претседател на САД, откри дека договорот е постигнат на неговата социјална платформа „Трут сошиал“ неколку часа пред Бајден да го потврди договорот со изјава од Белата куќа.
„Оваа епска спогодба за прекин на огнот можеше да се случи само како резултат на нашата историска победа во ноември, затоа што му сигнализираше на целиот свет дека мојата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се обезбеди сигурноста на сите Американци и нашите сојузници“, напиша Трамп, преземајќи ги заслугите за дипломатскиот успех по 15 месеци разурнувачка војна.
Зборувајќи подоцна во Белата куќа Бајден рече „дека неговите дипломатски напори никогаш не престанаа“, но призна дека неговата администрација работеше со тимот на Трамп за да се обезбеди САД да зборуваат со еден глас.
Трамп го испрати својот иден претставник за Блискиот исток Стив Виткоф на преговорите за прекин на огнот во Катар.
Бајден, кој беше под постојана критика на прогресивното крило од Демократската партија поради неговата постојана поддршка на Израел, рече дека договорот го развил и го преговарал неговиот тим. Бајден нема дилема дека е постигнат договорот што го осмисли и испреговара неговата дипломатија, па на прашањето на новинарите дали признанието за прекин на огнот во Газа го заслужуваат тој или Трамп одговори „дали вие се шегувате“?
Трамп е познат по својата склоност да биде наметлив, а неговата вмешаност во попречувањето на договорот за примирје е широко призната. Поранешниот службеник на Стејт департментот Мајк Кејси рече дека постојат аргументи дека Израел го темпираше договорот „како подарок за Трамп“. „Постојат внатрешни превирања за Нетанјаху и тоа во суштина не се разликува од договорот кој можеше да биде постигнат во мај“, изјави Кејси.
Во Израел некои медиуми сугерираа дека вмешаноста на Трамп беше одлучувачку фактор во успехот. „Тајм оф Израел“ повикувајќи се на двајца високи арапски преговарачи, објави дека учеството на пратеникот на Трамп Стив Виткоф во преговорите, во една единствена рунда од разговорите направи повеќе за да „го поттикне Нетанјаху“ да го прифати договорот, од притисокот на Бајден во текот на цела една година. Дури и службеници од администрацијата на Бајден признаваат дека тимот на Трамп одигра значајна улога во постигнувањето примирје.
За Бајден, засенувањето на неговата улога во примирјето во Газа потсеќа на политичката среќа на покојниот американски претседател Џими Картер, кој како демократ служеше само еден мандат и соработуваше со администрацијата на неговиот наследник Роналд Реган за да се обезбеди ослободување на 52 американски заложници кои беа затворени во американската амбасада во Техеран. Кризата доминираше за време на последната година на мандатаот на Картер и придонесе за неговата слаба поддршка од јавноста пред убедливиот пораз на изборите.
По 444 дена во амбасадата, Американците со авион беа изведени од Иран, само неколку часа откако Реган положи политичка заклетва како претседател, носејќи и на неговата администрација голема политичка победа. Многу американски коментатори и денеска тврдат дека тајмингот за пуштањето на американските заложници било масло на републиканците, кои на тоа прашање ги добија изборите, а потоа тоа го претставија како нивна голема победа.
Слични новости
Заканите врз студентите во Србија се медиумски спин за разбивање на сопствениот страв
Бунтот на студентите стана дел од поширок контекст. И додека Вучиќ во петокот одржа контрамитинг на своите приврзаници во Јагодина, бунтот на студентите се прошири и врз средните училишта, земјоделците, адвокатите и другите професии.
Старгејт новиот проект на Трамп за вештачка интелигенција вреден 500 милијарди долари
Нарекувајќи го проектот „ далеку најголем“ за развој на вештачката интелигенција во човековата историја, Трамп рече дека заедничкото вложување под името Старгејт ќе изгради центри за податоци и ќе отвори повеќе од 100.0000 работни места во САД.
Трамп ќе ги објави документите за трите најзначајни атентати во историјата на САД
Трамп за досијеата во извршаната наредба наведува дека „утврдил дека нивното стално ревидирање и ускратувањето информации од записите за убиството на претседателот Џон Кенеди се спротивни од интересот на јавноста