Најмалку 30 севернокорејски војници се загинати или ранети во курската област во Русија, тврди укранската разузнавачка агенција. Како што се наведува, севернокорејските војници се бореле на страната на Русија против украинските сили во околината на селата Плохово, Ворожба и Мартиновка.

Русија не ги коментира наводите на Киев, додека Пјонгјанг наведува дека извештаите за севернокорејските трупи се лажни.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во саботата изјави дека Русија за прв пат ги користи севернокорејските трупи во позначаен обем, за да изведе напади врз Курск.

Агенцијата Ројтерс наведува дека проценките на Киев се дека во Курската област на страна на Русија војууваат околу 11.000 севернокорејски војници.

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.