Украинската делегација која во Женева со американските претставници водеше разговори за мировниот план минатата седмица понуден од САД се враќа во Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот, додавајќи дека наскоро ќе биде донесена одликата за следните чекори.

„Вечерва очекувам сеопфатен извештај за напредокот на разговорите во Женева и главните точки на нашите чекори… Врз основа на овие извештаи, ќе ги утврдиме следните чекори и временската рамка. Ќе продолжиме да се координираме со Европа и другите партнери низ целиот свет“, рече Зеленски.

Преговарачите на САД и Украина, како што извести Reuters претходно во понеделникот наводно изготвиле „ревидирана мировна рамка“ на планот на Вашингтон за ставање крај на руско-украинската војна и планираат да продолжат да работат на планот во текот на наредните денови.

САД минатата седмица презентираа план од 28 точки и ѝ дадоа на Украина рок до четврток 27-ми ноември да се согласи со рамката за завршување на војната.

По разговорите во неделата не беше веднаш јасно како ревидираниот план ќе ги реши спорните прашања, како што се како да се гарантира безбедноста на Украина од идните руски закани и како да се финансира обновата на Украина.

„Сите ние продолжуваме да работиме со партнерите, особено со САД, за да постигнеме компромиси што ќе нè зајакнат, а не ќе нè ослабнат“, рече Зеленски преку видео- врска од самитот на сојузниците на Украина во Шведска.

Зеленски нагласи дека Русија мора да плати за војната во Украина и дека одлуката за користење на замрзнатите руски средства е клучна.

Зеленски би можел да ги посети САД уште оваа седмица за да разговара за најчувствителните аспекти на планот со Трамп, според луѓе запознаени со ова прашање.

Првичниот предлог на САД бара Украина да отстапи повеќе територија, да прифати ограничувања на својата војска и да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, руски барања што Украина ги отфрла.

Европските сојузници велат дека не биле вклучени во изготвувањето на оригиналниот план. Тие објавија противпредлог кој повикува на поблаги територијални отстапки и вклучува безбедносна гаранција на САД во стилот на НАТО доколку Украина биде нападната.

globe

Слични новости

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев