Украинските и американските делегации започнаа разговори во Саудиска Арабија, на кои агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура, изјави во неделата украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

„Ја спроведуваме директивата на претседателот на Украина за приближување кон праведен мир и зајакнување на безбедноста“, објави на Facebook Умеров, шеф на украинската делегација.

Средбата на делегацијата на САД и Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник.Средбата доаѓа по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот.

Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот, иако Трамп се надеваше дека тоа ќе биде првиот чекор кон постојан мировен договор.

Американскиот специјален пратеник за Украина, Стив Виткоф, изрази оптимизам во неделата пред разговорите во Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Украина, велејќи дека верува оти Путин сака да стави крај на тригодишниот конфликт.

Трамп во саботата рече дека напорите да се запре понатамошната ескалација на украинско-рускиот конфликт се „донекаде под контрола“.

САД се надеваат дека ќе постигнат поширок прекин на огнот во рок од неколку седмици, надевајќи се на договор за прекин на огнот до 20, април, објави во неделата Blomberg, повикувајќи се на добро информирани извори.

globe

Слични новости

Финскиот претседател Стуб во ненајавена посета на Трамп на Флорида

Финскиот претседател Стуб во ненајавена посета на Трамп на Флорида

Финскиот претседател Александер Стуб пристигна во сабота во ненајавена посета на САД, каде што се сретна со претседателот Доналд Трамп, со кого, меѓу другото, разговараше и за зајакнување на билатералното партнерство меѓу двете земји, а двајцата претседатели одиграа и голф

Бројот на загинати во зејотресот во Мјанмар порасна на над 1.000

Бројот на загинати во зејотресот во Мјанмар порасна на над 1.000

Бројот на загинати во зејотресот со сила од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар се искачи на 1,002, додека над 2.300 луѓе се повредени, соопшти војската на оваа земја. Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките акции се во тек, пренесе агенцијата Синхуа.