Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во неделата изјави дека разговорите со американска делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и фокусирани на енергетскиот сектор.
„Разговаравме за клучните прашања, вклучувајќи го и енергетскиот сектор“, додаде Умеров во својот пост на платформата Х.

Министерот за одбрана на Украина ја предводи делегацијата на неговата земја на разговори кои се дел од дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна.
Средбата на делегацијата на САД и Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник.
Средбата доаѓа по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот.
Рускиот претседател Владимир Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.
Слични новости
Телата на палестински болничари извлечени од плитка гробница во песокот на Газа
Телата на осумте болничари од Црвената полумесечина и уште неколку палестински спасувачи, кои се најдоа под израелски оган пред повеќе од една седмица, се извлечени од гробница во песокот во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија во понеделник официјални лица на Обединетите нации
Кина, Јапонија и Јужна Кореја планираат заеднички да одговорат на американските царини
Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија заеднички да одговорат на американските царини, објави во понеделникот социјален медиум поврзан со кинеската државна телевизија CCTV
Србија ќе добие 111 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан
До крајот на седмицата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од Европскаа унија од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите