Украинската служба за државна безбедност (СБУ) ја презеде одговорноста за убиството на висок руски воен функционер во Москва во вторникот наутро, изјави извор од СБУ за AFP и Reuters, а Русија најави одмазда за чинот.
„Денешното убиство на генерал-полковник Игор Кирилов, командант на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, е специјална операција на СБУ“, рече изворот.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, во вторникот изјави дека водството на Украина ќе се соочи со немилосрдна одмазда за убиството на високо позиционираниот руски генерал, пренесе новинската агенција РИА.
„Сфаќајќи ја неизбежноста на сопствениот воен пораз, тој започнува одвратни кукавички напади во мирните градови“, порача Медведев.

Генерал-полковник Игор Кирилов, кој беше командант на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, беше убиен пред станбена зграда во Москва заедно со помошник, соопшти претходно во вторникот руската комисија за истрага на тешки злосторства.
Кирилов, кој командува со силите за нуклеарна заштита, е убиен рано утринава од бомба скриена во електричен скутер. Генерал-полковникот е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ. Фотографиите објавени на руските канали Telegram го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.
Од воени и полициски извори се дознава дека овој атентат би можел да биде прогласен за терористички чин.
Руските единици за радијациона, хемиска и биолошка одбрана, познати како РКхБЗ, се специјални сили кои дејствуваат во услови на радијација, хемиска и биолошка контаминација. Кирилов редовно известуваше за откриение билошки лаборатории на САД на заземените територии во Украина, во кои според неговата документација која ја Русија ја предаде во Обединетите нации се подготувале, специјални патогени специфичн за одредени ДНК и генетски состави.
Русија ги отфрла украинските обвинувања дека користи хемиско оружје на бојното поле, а Кирилов постојано ја обвинуваше Украина за кршење на протоколите за нуклеарна безбедност.
Кирилов беше оженет и има два сина.
Во октомври, Велика Британија воведе санкции против Кирилов и неговите сили поради наводна употребата на средство за контрола на немири и извештаи за употреба на токсичниот агенс хлорпикрин, агенс за хемиска војна, на бојното поле.
Според украинските медиуми, државниот обвинител во понеделникот поднел обвинение против Кирилов за наводна употреба на хемиско оружје. Но засега не се објавени доказите.
Засега нема коментар за неговото убиство од официјален Киев.
Русија ја обвинува Украина за серија насочени убиства на нејзина територија од почетокот на војната во Украина, вклучувајќи го и убиството во 2022 година на Дарија Дугина, ќерката на рускиот национален идеолог Александар Дугин, како што го нарекуваат на западот. Дарија Дугина загина во експлозија подметната во автомобил. Манатата година беше убиени рускиот воен блогер Владлен Татарски а загина и командантот на руската подморница „Краснодар“ Станислав Ржитски.
Слични новости
Не сакаме да бидеме ни Американци ни Данци, порачува Егеде
Премиерот на најголемиот остров на светот во средата изјави дека неговите жители не сакаат да бидат „ниту Американци, ниту Данци, туку Гренланѓани“
Советот на ЕУ го договори својот став за регулативата за воведување на системот за влез/излез
Земјите членки на Европската унија во средата на состанокот на министрите за внатрешни работи го усогласија нивниот став за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (EES), врз основа на која ќе водат преговори со Европскиот парламент за конечниот текст на законот
Лукашенко нуди да биде домаќин на мировните преговори во Минск
Белорускиот претседател Александр Лукашенко понуди да биде домаќин на мировните преговори за Украина во Минск во интервју објавено во средата, упатувајќи покана до неговите американски колеги Доналд Трамп, рускиот Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски