Украинската служба за државна безбедност (СБУ) ја презеде одговорноста за убиството на висок руски воен функционер во Москва во вторникот наутро, изјави извор од СБУ за AFP и Reuters, а Русија најави одмазда за чинот.
„Денешното убиство на генерал-полковник Игор Кирилов, командант на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, е специјална операција на СБУ“, рече изворот.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, во вторникот изјави дека водството на Украина ќе се соочи со немилосрдна одмазда за убиството на високо позиционираниот руски генерал, пренесе новинската агенција РИА.
„Сфаќајќи ја неизбежноста на сопствениот воен пораз, тој започнува одвратни кукавички напади во мирните градови“, порача Медведев.
Генерал-полковник Игор Кирилов, кој беше командант на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, беше убиен пред станбена зграда во Москва заедно со помошник, соопшти претходно во вторникот руската комисија за истрага на тешки злосторства.
Кирилов, кој командува со силите за нуклеарна заштита, е убиен рано утринава од бомба скриена во електричен скутер. Генерал-полковникот е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ. Фотографиите објавени на руските канали Telegram го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.
Од воени и полициски извори се дознава дека овој атентат би можел да биде прогласен за терористички чин.
Руските единици за радијациона, хемиска и биолошка одбрана, познати како РКхБЗ, се специјални сили кои дејствуваат во услови на радијација, хемиска и биолошка контаминација. Кирилов редовно известуваше за откриение билошки лаборатории на САД на заземените територии во Украина, во кои според неговата документација која ја Русија ја предаде во Обединетите нации се подготувале, специјални патогени специфичн за одредени ДНК и генетски состави.
Русија ги отфрла украинските обвинувања дека користи хемиско оружје на бојното поле, а Кирилов постојано ја обвинуваше Украина за кршење на протоколите за нуклеарна безбедност.
Кирилов беше оженет и има два сина.
Во октомври, Велика Британија воведе санкции против Кирилов и неговите сили поради наводна употребата на средство за контрола на немири и извештаи за употреба на токсичниот агенс хлорпикрин, агенс за хемиска војна, на бојното поле.
Според украинските медиуми, државниот обвинител во понеделникот поднел обвинение против Кирилов за наводна употреба на хемиско оружје. Но засега не се објавени доказите.
Засега нема коментар за неговото убиство од официјален Киев.
Русија ја обвинува Украина за серија насочени убиства на нејзина територија од почетокот на војната во Украина, вклучувајќи го и убиството во 2022 година на Дарија Дугина, ќерката на рускиот национален идеолог Александар Дугин, како што го нарекуваат на западот. Дарија Дугина загина во експлозија подметната во автомобил. Манатата година беше убиени рускиот воен блогер Владлен Татарски а загина и командантот на руската подморница „Краснодар“ Станислав Ржитски.
Слични новости
Нетанјаху: Израел останува на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне нов договор
Израел ќе остане на стратешката локација на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне поинаков договор, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху
Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес
Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.