Украина синоќа возврати со  голем напад со беспилотни летала врз руска воена и енергетска инфраструктура, само ден по смртоносниот руски ракетен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 21 лице.

Според информации објавени од Киев Индепендент,  украинските дронови погодиле повеќе цели во различни руски региони, а на социјалните мрежи се појавија снимки од огромен пожар во нафтена рафинерија во Рјазан. Локални жители изјавиле дека виделе повеќе дронови пред да се слушнат силни експлозии во реонот на постројката.

Рафинеријата често е цел на украински напади поради нејзината улога во снабдувањето на руската воена машинерија. Рјазан се наоѓа околу 450 километри од украинската граница и 180 километри југоисточно од Москва.

Гувернерот на Рјазанската област, Павло Малков, изјави дека остатоци од дрон погодиле неименувано претпријатие и неколку станбени објекти. Според неговите информации, загинале три лица, а 12 биле повредени.

 

Слични новости

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.