Украинското раководство стравува дека САД би можеле да ја прекинат размената на клучни разузнавачки податоци и воената поддршка доколку Киев одбие да го прифати мировниот план на претседателот Доналд Трамп за окончување на судирот, пишува весникот „Вол стрит џурнал“.
Според пишувањето на весникот претседателот Трамп и дал на Украина рок од една недела да се изјасни за предлогот на Вашингтон, што во Киев и Брисел се толкува како знак за влошување на натамошната соработка.
„Украина и нејзините партнери се плашат дека во случај Киев да го одбие планот, САД би ја прекинале размената на разузнавачки податоци и натамошните испораки на оружје“ се наведува во анализата.
Трамп порача дека Украина мора да го прифати американскиот план како основа за политичко решавање на воениот конфликт.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


