Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина.
Бил приведен наводниот организатор и четворица „клучни соработници“ под сомнение за предавство и давање информации за локациите на украинската армија, се вели во соопштението објавено на Telegram.
Членовите на мрежата работеле засебно во пет региони на југот и североистокот на Украина за да ги лоцираат воените аеродроми и пунктови за воздушна одбрана, како и компаниите кои се занимаваат со електронско војување, наведуваат од СБУ.
Мрежата вклучувала некои „дезертери кои ги напуштија вооружените сили без дозвола и беа регрутирани од руските специјални служби додека се криеја од правдата“, според украинското разузнавање.
„Членовите на мрежата користеле познаници во украинската армија кои служеле на бојното поле и кои им давале информации без да знаат како ќе бидат искористени. Тие потоа извидувале потенцијални цели и ги испратиле информациите до водачот на групата, кој ги проследил до надзорникот во руската воена разузнавачка служба“, се додава во објавата.
СБУ ја „неутрализирал мрежата на агенти“ и работи да ги изведе и другите членови пред лицето на правдата. Тие се соочуваат со доживотен затвор.
Слични новости
Израелски тим во Доха преговара за можен прекин на огнот во Газа
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден
Калас: ЕУ треба да ги ублажи санкциите по „позитивните чекори“ на сириските власти
Европската унија треба да ги ублажи санкциите кон Сирија доколку новото водство на земјата преземе „позитивни чекори“ за формирање инклузивна влада која ги почитува правата на жените и малцинствата, рече еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас
Асад тврди дека не планирал да замине од Сирија
Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад изјави дека не планира однапред да ја напушти земјата, неговата порака е објавена на страницата на кабинетот на поранешниот шеф на државата на социјалните мрежи