Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина.

Бил приведен наводниот организатор и четворица „клучни соработници“ под сомнение за предавство и давање информации за локациите на украинската армија, се вели во соопштението објавено на Telegram.

 

Членовите на мрежата работеле засебно во пет региони на југот и североистокот на Украина за да ги лоцираат воените аеродроми и пунктови за воздушна одбрана, како и компаниите кои се занимаваат со електронско војување, наведуваат од СБУ.

Мрежата вклучувала некои „дезертери кои ги напуштија вооружените сили без дозвола и беа регрутирани од руските специјални служби додека се криеја од правдата“, според украинското разузнавање.

„Членовите на мрежата користеле познаници во украинската армија кои служеле на бојното поле и кои им давале информации без да знаат како ќе бидат искористени. Тие потоа извидувале потенцијални цели и ги испратиле информациите до водачот на групата, кој ги проследил до надзорникот во руската воена разузнавачка служба“, се додава во објавата.

СБУ ја „неутрализирал мрежата на агенти“ и работи да ги изведе и другите членови пред лицето на правдата. Тие се соочуваат со доживотен затвор.

globe

Слични новости

Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал, Москва најави одмазда

Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал, Москва најави одмазда

Украинската служба за државна безбедност (СБУ) ја презеде одговорноста за убиството на висок руски воен функционер во Москва во вторникот наутро, изјави извор од СБУ за AFP и Reuters, а Русија најави одмазда за чинот

ОН изразија поддршка за хуманитарните цели на новата сириска влада

ОН изразија поддршка за хуманитарните цели на новата сириска влада

Потсекретарот за хуманитарни прашања и координаторот за итни случаи на Обединетите нации (ОН), Том Флечер во понеделникот се сретна со командантот на новата сириска влада Ахмад ал-Шар и новоименуваниот премиер Мохамед ал-Башир, на разговори за зголемување на хуманитарната помош за земјата