Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина.
Бил приведен наводниот организатор и четворица „клучни соработници“ под сомнение за предавство и давање информации за локациите на украинската армија, се вели во соопштението објавено на Telegram.
Членовите на мрежата работеле засебно во пет региони на југот и североистокот на Украина за да ги лоцираат воените аеродроми и пунктови за воздушна одбрана, како и компаниите кои се занимаваат со електронско војување, наведуваат од СБУ.
Мрежата вклучувала некои „дезертери кои ги напуштија вооружените сили без дозвола и беа регрутирани од руските специјални служби додека се криеја од правдата“, според украинското разузнавање.
„Членовите на мрежата користеле познаници во украинската армија кои служеле на бојното поле и кои им давале информации без да знаат како ќе бидат искористени. Тие потоа извидувале потенцијални цели и ги испратиле информациите до водачот на групата, кој ги проследил до надзорникот во руската воена разузнавачка служба“, се додава во објавата.
СБУ ја „неутрализирал мрежата на агенти“ и работи да ги изведе и другите членови пред лицето на правдата. Тие се соочуваат со доживотен затвор.
Слични новости
Белата куќа најави нов пакет оружје за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот објави нов пакет оружје за Украина
Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп
Германија и другите европски земји ветија дека ќе обезбедат „одржливи безбедносни гаранции“ за Украина доколку има разговори за прекин на огнот откако Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа
Русија одржува контакт со бунтовниците во Сирија, сака да ги задржи базите
Москва има намера да ги задржи своите воени бази во Сирија за да ја продолжи „борбата против меѓународниот тероризам“,вели заменикот на шефот на руската дупломатија