Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина.
Бил приведен наводниот организатор и четворица „клучни соработници“ под сомнение за предавство и давање информации за локациите на украинската армија, се вели во соопштението објавено на Telegram.
Членовите на мрежата работеле засебно во пет региони на југот и североистокот на Украина за да ги лоцираат воените аеродроми и пунктови за воздушна одбрана, како и компаниите кои се занимаваат со електронско војување, наведуваат од СБУ.
Мрежата вклучувала некои „дезертери кои ги напуштија вооружените сили без дозвола и беа регрутирани од руските специјални служби додека се криеја од правдата“, според украинското разузнавање.
„Членовите на мрежата користеле познаници во украинската армија кои служеле на бојното поле и кои им давале информации без да знаат како ќе бидат искористени. Тие потоа извидувале потенцијални цели и ги испратиле информациите до водачот на групата, кој ги проследил до надзорникот во руската воена разузнавачка служба“, се додава во објавата.
СБУ ја „неутрализирал мрежата на агенти“ и работи да ги изведе и другите членови пред лицето на правдата. Тие се соочуваат со доживотен затвор.
Слични новости
Израел изведе десетици напади во Сирија
Израелски борбени авиони извршија околу 40 воздушни напади во текот на ноќта, насочени кон поранешни сириски воени позиции околу главниот град Дамаск, според набљудувачката група.
Разрешен командантот на украинската армија на клучниот фронт во Доњецк
Командантот на украинската армија во Доњецк, Олександр Луценко е разрешен по неколку значајни порази, објавија украинските медиуми
Јужна Кореја: Парламентот го отповика претседателот Јун Сук Јеол
Парламентот на Јужна Кореја предводен од опозицијата во саботата го отповика претседателот Јун Сук Јеол, гласајќи да го суспендира од службените должности поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица