Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина.
Бил приведен наводниот организатор и четворица „клучни соработници“ под сомнение за предавство и давање информации за локациите на украинската армија, се вели во соопштението објавено на Telegram.
Членовите на мрежата работеле засебно во пет региони на југот и североистокот на Украина за да ги лоцираат воените аеродроми и пунктови за воздушна одбрана, како и компаниите кои се занимаваат со електронско војување, наведуваат од СБУ.
Мрежата вклучувала некои „дезертери кои ги напуштија вооружените сили без дозвола и беа регрутирани од руските специјални служби додека се криеја од правдата“, според украинското разузнавање.
„Членовите на мрежата користеле познаници во украинската армија кои служеле на бојното поле и кои им давале информации без да знаат како ќе бидат искористени. Тие потоа извидувале потенцијални цели и ги испратиле информациите до водачот на групата, кој ги проследил до надзорникот во руската воена разузнавачка служба“, се додава во објавата.
СБУ ја „неутрализирал мрежата на агенти“ и работи да ги изведе и другите членови пред лицето на правдата. Тие се соочуваат со доживотен затвор.
Слични новости
Израел планира двојно да го зголеми населението во окупираниот Голан
Израел во неделата го одобри планот за зголемување на населението во окупираната Голанска висорамнина, додавајќи дека заканите од Сирија остануваат и покрај умерениот тон на водачите на бунтовниците кои го соборија претседателот Башар ал- Асад
Крајната десница сака Германија да го напушти НАТО
Потпретседателот на германската крајно десничарска патија Алтернатива за Германија (AfD), Тино Хрупала, го доведе во прашање членството на Германија во НАТО и ја прогласи Русија за победник во војната во Украина
Турција подготвена да ѝ понуди воена обука на Сирија, доколку тоа го побараат новите власти
На новата администрација во Сирија треба да ѝ се даде шанса да владее по нејзините конструктивни пораки, а Турција е подготвена да обезбеди воена обука доколку се побара таква помош, изјави турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер