Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека Украина ќе го поддржи предлогот на САД за запирање на нападите врз руската енергетска инфраструктура и дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Белата куќа претходно објави дека Путин и Трамп во телефонски разговор во вторникот се договориле за ограничен 30-дневен прекин на огнот за енергетската инфраструктура во Украина и дека разговорите за поширок мировен план ќе започнат „веднаш“.
„Двете страни, Украина и Русија, можат да се воздржат од таргетирање на енергетската инфраструктура. Нашата страна ќе го поддржи тоа“, рече Зеленски на онлајн брифингот со новинарите

Додаде дека Украина ќе ги поддржи сите предлози кои водат кон „стабилен и праведен мир“.
Зеленски рече дека по разговорите Путин-Трамп телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Мислам дека би било добро да разговараме со претседателот Трамп и да ги дознаеме деталите за тоа што Русите им понудиле на Американците или што Американците им понудиле на Русите“, рече тој.
Зеленски, исто така, рече дека се надева оти украинските партнери нема да ја прекинат клучната воена помош за Украина. Тој го кажа ова во врска со изјавата на Путин дека с ета воена и разузнавачка помош за Украина мора да биде суспендирана за да се реши конфликтот.
Слични новости
Кина го засилува одговорот на санкциите
Кинескиот премиер Ли Кианг потпиша декрет за спроведување нови прописи кои ќе го зајакнат одговорот на Кина на санкциите, соопшти владата во понеделникот
Трамп очекува наскоро договор за минералите со Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека очекува наскоро да биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина
Гренландските лидери ја критикуваат посетата на американската делегација
Гренландските лидери ја критикуваа најавената посета на висока американска делегација на полуавтономната данска територија што претседателот Доналд Трамп сака да ја присоедини на Соединетите држави