Украина успешно тестираше борбено беспилатно летало со дострел од 3.000 километри, тврдеше во понеделникот ноќта украинскиот претседател Володомор Зеленски.

„Унапредуваме низа капацитети со долг дострел што ќе ни помогне да ја гарантираме безбедноста на нашата држава“, рече Зеленски во вообичаеното прекуноќно видео-орабаќање изразувајќи благодарност на инженерите и производители кои стојат зад проектот.

Со овој дострел украинските беспилотни летала потенцијално би можеле да гаѓаат цили длабоко во Сибр.

Не е познато каде е изработено таквото летало, ниту кога и каде било тестирано

Во текот на состанокот со веоните челнии Зеленски ги добил најновите информации за користењето на напредната противбродска ракета „Нептун“, велејќи дека Украина е „задоволна од резултотите од ударот“.

Во април 2022 година, според тврдењето на британското разузнавање, Украина го потопи рускиот крстосувач „Москва“ со ракетата „Р360 Нептун“ што сама ја развила. Од тогаш „украинското оружје се развиваше натаму, а и дострелот му е проширен“, пишува Reuters.

Зеленски во објавата ја истакна итната потреба од зголемување на производството.

„Мораме да произведуваме повеќе ракети, повеќе беспилотни летала, а оваа седмица ќе разговараме за тоа со нашите партнери“, рече.

Истакан дека зголеменото производство на оружје во Украина, помогнато со вложувањата на сојузничките земји, би требало да послужи како освноа за „новата безбедносна рамка на Еврпа“. „За тоа нема алтернативи“, рече Зеленски.

globe

Слични новости

Лавров ги потврди разговорите со САД за гасоводот „Северен тек“

Лавров ги потврди разговорите со САД за гасоводот „Северен тек“

Во тек се разговори меѓу Русија и САД за гасоводот Северен тек што ја поврзува Русија со Германија под Балтичкото Море, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за руската државна телевизија