Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување како што се тврди на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија во вторнико украинските воени претставници.

Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.

Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија за РБЦ Украина дека нападот бил извршен со ракетите АТАCMS.

Руското Министерство за одбрана објави дека вкупно биле истрелани од украинска територија шест проектили АТАCMS од кои пет биле уништени во воздух а една била погодена и нејзини остатоци паднале на територијата на воениот објект предизвикувајќи пожар кој бил изгаснат до утрото.

Нема настрадани, ниту настаната штетата.

Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.

Извештаите за нападот се појавија пред Кремљ да се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел.

„Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје“, изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава дојде пред претседателот Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација поддржана од нуклеарна сила.

Според оваа доктрина, заканите кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад вклучуваат напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

globe

Слични новости

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters