Украинските мировни преговарачи во петокот започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, изјави шефот на делегацијата од Киев, Рустем Умеров.
Украинскиот олигарх и донеодамнешен министер за одбрана Умеров, кој престојува во Соединетите држави каде што учествува во разговорите, објави на апликацијата за пораки Telegram дека европските партнери на Киев, исто така, ќе бидат вклучени во разговорите.
„Ние сме конструктивно ориентирани. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за натамошни разговори со американската страна… Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана“, напиша Умеров.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да ја заврши речиси четиригодишната војна. Пратеникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, одржаа разговори во Берлин претходно оваа седмица со украински и европски претставници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и САД постигнале договор за неколку документи, вклучувајќи мировна рамка од 20 точки, безбедносни гаранции и план за реконструкција на Украина. Тој истакна дека не е постигнат договор за координирани конечни предлози, додавајќи дека територијалните прашања остануваат нерешени.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги повтори ставовите на Русија предупредувајќи дека западноевропските сојузници на Киев работат на поткопување на мировниот предлог на САД и не понуди компромис со руските услови за завршување на војната во Украина, велејќи дека од Украина и Европа зависи да го направат следниот чекор.
И Виткоф и Кушнер планираат да се сретнат со руската делегација во Мајами овој викенд, изјави официјален претставник на Белата куќа.
Слични новости
Рубио: Не можеме да ги принудиме ниту Киев ниту Москва на договор
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави во петокот дека Соединетите државо во мировните преговори за Украина никому не наметнуваат договор, како и дека и Киев и Москва мора да сакаат да го постигнат, и предупреди дека нема да има мир во Газа додека Хамас не биде разоружан
Тројца убиени во напад во метрото во Тајпеј
Најмалку три лица се убиени, а пет се повредени во напад со нож во метрото во Тајпеј во петокот, изјави портпаролот на противпожарната служба
Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година
Француските пратеници не успеаја во петогот да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински


