Украина е решена да ја продолжи соработката со САД, изјави во вторникот премиерот Денис Шмихал, по најавата на Белата куќа дека ја прекинува воената помош за Украина, што е клучно за Киев во неговата војна против Русија.
„Украина е апсолутно решена да ја продолжи соработката со САД“, рече Шмихал. „САД се важен партнер и ние мора да го зачуваме тоа“, рече тој на прес-конференција во Киев.

Претставник на Белата куќа во понеделникот изјави дека САД ја прекинуваат воената помош за Украина, но нагласи дека тоа не е „трајно прекинување на помошта, туку пауза“.
Шмихал нагласи и дека Киев е подготвен „во секој момент“ да потпише договор за ретки минерали со Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски требаше да го потпишат договорот во петокот во Белата куќа, но поради нивната вербална пресметка настанот беше откажан.
Слични новости
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево