Украина е решена да ја продолжи соработката со САД, изјави во вторникот премиерот Денис Шмихал, по најавата на Белата куќа дека ја прекинува воената помош за Украина, што е клучно за Киев во неговата војна против Русија.

„Украина е апсолутно решена да ја продолжи соработката со САД“, рече Шмихал. „САД се важен партнер и ние мора да го зачуваме тоа“, рече тој на прес-конференција во Киев.

Претставник на Белата куќа во понеделникот изјави дека САД ја прекинуваат воената помош за Украина, но нагласи дека тоа не е „трајно прекинување на помошта, туку пауза“.

Шмихал нагласи и дека Киев е подготвен „во секој момент“ да потпише договор за ретки минерали со Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски требаше да го потпишат договорот во петокот во Белата куќа, но поради нивната вербална пресметка настанот беше откажан.

globe

Слични новости

Зеленски пристигна во Саудиска Арабија пред средбата со Американците

Зеленски пристигна во Саудиска Арабија пред средбата со Американците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот слета во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман, ден пред разговорите меѓу украинските и американските претставници дека Вашингтон ги полага своите надежи за ставање крај на војната со Русија

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него