Претседателот на Франција Емануел Макрон по денешниот состанок со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Рим соопшти дека Украина е спремна на безусловен прекин на огнот.

Во објавата на социјалната мрежа „икс“ Макрон рече дека завршетокот на војната во Украина е цел која тој ја дели со американскиот претседател Трамп и дека Киев сака да соработува со САД и Европа за да се постигне примирје.

 

„Сега е ред на рускиот претседател Путин да покаже дека навистина сака мир. Ќе ја продолжоме нашата работа во рамките на коалицијата на овие што имаат волја која ја покренавме во Париз во март, за да постигнеме прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“ рече Макрон.

Зеленски исто така се состана со американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер кои во Рим прусуствуваа на погребот на папата Франциск, а од Елисејската палата соопштија дека состаноците минале позитивно.

Слични новости

Канаѓаните гласаат на општите избори: Кој ќе му се спротивстави на Трамп?

Канаѓаните гласаат на општите избори: Кој ќе му се спротивстави на Трамп?

Актуелниот канадски премиер Марк Карни се етаблираше како фаворит на канадските парламентарни избори, успешно убедувајќи ја јавноста дека најдобро може да се спротивстави на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп