Франција во четвртокот ѝ ги испорача првите борбени авиони „Mirage“ на Украина, а пристигнаа и холандските „F-16“, објавија официјални лица.
Претседателот Емануел Макрон во јуни минатата година вети дека украинските пилоти ќе бидат обучени на „Mirage“ 2000, што беше чекор напред во воената помош за Украина.
„Украинските пилоти кои веќе неколку месеци се обучуваат во Франција, сега ќе го бранат небото над Украина“, напиша францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну на X.

Ова го потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски на истата социјална мрежа. „Првите Mirage 2000 пристигнаа од Франција, со што ги зајакнавме нашите одбранбени капацитети“.
Официјални лица рекоа дека од безбедносни причини, не може да се открие колку авиони од едномоторните повеќенаменски борбени авион „Mirage“, кои беа заменети со напредните „Rafale“ во француските воздухопловни сили, биле испорачани.
Во извештајот на француската парламентарна комисија од крајот на 2024 година се наведува дека шест од 26-те „Mirage“ француската воздухопловна флотила ќе бидат донирани на Украина.
Во исто време, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров објави дека Холандија му доставила на Киев борбени авиони „F-16“ од американско производство.
Тие, заедно со француските борбени авиони, „наскоро ќе се впуштат во борбени мисии“, напиша Умеров на Facebook. „Продолжуваме да ја шириме нашата флотила F-16“, рече Зеленски.
Во октомври, холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс објави дека Амстердам ја доставил првата серија ловци „F-16“ во Киев од 24 ветени. Холандија, исто така, испорача 18 од овие ловци во центарот за обука на пилоти, вклучително и украински, во Романија.
Првите „F-16“ пристигнаа во Украина во 2024 година, но нивната улога во војната беше ограничена од моќните руски воздушни сили. Најмалу еден од овие американски борбени авиои е соборен од минатата година, што го признаа украинските сили како грешка на својата противвоздушна одбрана.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област