Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
ЦДУ победи на локалните избори во Долна Саксонија, АФД трета
На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


