Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.