Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови  при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.

Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.

Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.

Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.

Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.

Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.

 

Слични новости

„Фајненшал тајмс“ : Трамп заробен меѓу војната и договорот со Иран

„Фајненшал тајмс“ : Трамп заробен меѓу војната и договорот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп мора да бира меѓу продолжување на војната со Иран или прифаќање на договор кој во голема мерка би бил постигнат под условите на Техеран, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата во Вашингтон.

Русија изведе нови напади врз Киев со голем број на загинати и повредени

Русија изведе нови напади врз Киев со голем број на загинати и повредени

Русија изврши нов масовен напад со ракети и дронови врз Киев во кој загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопшти украинската служба за вонредни ситуации. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека се хоспитализирани 15 луѓе, од кои четворица во критична состојба.