Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Светските мориња во јули ги достигнаа највисоките температури во историјата на мерењата
За време на разурнувачкиот топлотен бран што ја погоди Западна Европа, температурите на морињата достигнаа рекордни вредности на атлантскиот брег, во западното Средоземје и во други мориња, уврди службата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“.
Франција се подготвува за евакуација на 200.000 луѓе – нови пожари во југозападниот дел на земјата
Неколку градови во југозападниот дел на Франција повторно се под опасност од шумски пожари. Властите најавуваат можна евакуација на 200.000 жители.
На Халкидики воведена забрана за сообраќај и пешачење во шумските подрачја поради опасност од пожари
Мерката е во сила од 08 до 20 часот и се однесува на подрачја во Касандра, Ситониа и општината Аристотелис каде што индексот на опасност од пожар е во категоријата 3, пишуваат грчките медиуми.


