Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Големите пожари во Грција и Белгија ставени под контрола
Пожарот во Грција на полуостровото Пилон во близина на Атина во текот на минатата ноќ бил делумно ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот кој е најинтензивен во населбата Коропи учествуваат 27 пожарникари со девет возила, пренесува грчкиот весник Прото тема.
Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови
Тензиите на Блискиот исток не спласнуваат. Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија воздушни напади врз градот Мансури на југот од Либан, а низ градот одекнувале силни експлозии.
Израел со жестоки предупредувања до Турција да не интервенира во Сирија
„Израел нема да дзволи на ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“ порача Кац и го предупреди турскиот претседател Ердоган да не ја тестира решеноста на Израел да се брани.


