Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови  при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.

Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.

Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.

Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.

Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.

Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.

 

Слични новости

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.

Најмалку 14 загинати и 120 повредени во руски напад врз Криви Рог

Најмалку 14 загинати и 120 повредени во руски напад врз Криви Рог

Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 120 се повредени при удар на два руски дрона во трговски центар во градот Криви Рог, во централна Украина, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има 22 деца, рече регионалниот гувернер, Олександар Хања.