Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови  при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.

Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.

Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.

Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.

Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.

Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.

 

Слични новости

Повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати откако смртоносните поплави уништија села на границата меѓу Непал и Кина

Повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати откако смртоносните поплави уништија села на границата меѓу Непал и Кина

Повеќе стотици лица засега и официјално се водат како загинати во катастрофалните поплави кои уништија критична инфраструктура и ги отежнаа спасувачките операции, вклучувајќи и потрагата по над повеќе од 1300 лица кои засега се водат како исчезнати, меѓу нив и 700-тини странски државјани.

Трагедија во Пакистан – 14 новороденчиња загинале во пожар во болница

Трагедија во Пакистан – 14 новороденчиња загинале во пожар во болница

Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.
Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.