Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Трамп тврди дека САД постигнале „историски“ договор со кој САД ќе контролираат 65 милијарди барели нафта во Венецуела
Оваа историска трансакција ПОВЕЌЕ ОД ДВОЈНО ГИ ЗГОЛЕМУВА американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Трамп: Нема место за шеријат во САД
Американскиот претседател појасни дека има места во светот каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги како примери Лондон и Париз. „Како што знаете, одите во Лондон или Париз и гледате друг начин на живот. Секаде каде што го гледаме во САД ќе го отстрануваме“ најави Трамп.
Русија размислува за посилни ракетни напади врз Киев по застојот во преговорите
Рамката за преговори во суштина се распадна, а претседателот Владимир Путин сè уште не е подготвен да ја заврши војната како одговор на санкциите или украинските напади врз руските рафинерии и логистички мрежи.


