Помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека повикот на САД за Украина да одржи избори по прекинот на огнот со Русија изгледа како „пропаднат план“ доколку е тоа сѐ од што се состои.
Главниот американски функционер задолжен за Украина, Кит Келог, изјави за Reuters дека Соединтетит држави сакаат Украина да одржи избори, потенцијално до крајот на годината, особено доколку Киев успее да постигне прекин на огнот со Русија во наредните месеци.
„Не го видовме целото интервју на г-дин Келог, само неколку изјави за изборите, па затоа е тешко да се процени неговата позиција. Но, ако неговиот план е само прекин на огнот и избори, тогаш тоа е неуспешен план – (рускиот претседател Владимир) Путин нема да биде заплашен од тоа“, изјавува Дмитро Литвин, советник на Зеленски во писмената изјава за Reuters.
Киев постојано изјави дека не сака прекин на огнот без безбедносни гаранции што ќе ја спречи Русија да ги зајакне своите сили и да започне нова инвазија во иднина. Изборите во моментов се забранети поради воената состојба, која Украина ја воведе по руската инвазија во 2022 година.
Литвин наведува дека Украина претпочита да види подлабок пристап од официјалните претставници на клучните партнери.
„Но, се сеќаваме дека претседателот Трамп, на неговите средби со претседателот Зеленски, зборуваше длабоко и мудро за ситуацијата и за тоа што навистина може да изврши притисок врз Путин“, рече тој.
Украина го пофали Трамп и неговиот пристап „мир преку сила“ додека Киев се обидува да ја добие потребната поддршка за да создаде услови за траен и стабилен мир.
Литвин вели дека е важно да се работи „на вистински пристап меѓу тимовите за да се договори конкретен план за завршување на војната и постигнување траен мир“.
Руската армија континуирано забрзано напредува последните месеци во источна Украина каде зазема клучни стратешки места од кои се овозможуваат продори кон западот и југот и кон централна Украина, додека драстично се намалува областа којашто украинските сили ја држат под контрола во областа Курск во западна Русија.
Слични новости
Во Шведска убиен мажот што го запали Куранот
Бегалец и антиисламски активист од Ирак е убиен во Шведска доцна во средата, само неколку часа пред да биде осуден по судењето за палење Куран, покажа судскиот документ во четвртокот
Десетици загинати во судир на хеликоптер и патнички авион над Вашингтон
Иако не го наведе точниот број на загинати, американскиот сенатор Роџер Маршал од сојузната држава Канзас, од каде што полетал авионот, рече дека стравува дека сите патници и членови на екипажот се мртви
Трамп најави објект за илјадници мигранти во Гвантанамо
Затворот Гвантанамо беше основан во 2002 година од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за странски осомничени исламистички милитанти