Украина побара јавно извинување од Светското фудбалско тело (ФИФА) за означување на Крим на мапата користена во жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
За време на видеото пред жрепката во петокот, беше прикажана мапа на која се гледа дека Крим е дел од Русија, а не Украина. Русија го анектираше полуостровот во 2014 година, но меѓународната заедница не го признава тој чин.
„Не само што постапивте спротивно на меѓународното право, туку ја поддржавте и руската пропаганда, воените злосторства и криминалната агресија против Украина“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георги Тихи за ФИФА преку објава на X доцна во саботата.
Тој побара јавно извинување.
Портпаролот на ФИФА изјави дека графиката оттогаш била отстранета од видеото и за ситуацијата била разговарана со Украинците.
Веќе речиси три години Русија води војна против соседна Украина, која постојано ја објавува својата намера да го ослободи Крим од руската окупација.
Слични новости
Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека евентуалното распоредување на странски „мировни сили“ во Украина би можело да се разговара на утрешниот состанок на европските челници во Брисел
Јуве прв четвртфиналист во Купот на Италија
Фудбалерите на Јувентус се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, победувајќи на својот стадион Каљари со убедливи 4:0
Евролига: Домашни порази на Партизан и Париз
Кошаркарите на Партизан во еден од најнеизвесните дуели на вечерта беа поразени на домашен паркет од екипата на Асвел со резултат 79:82 во 16. коло од Евролигата