Украина побара јавно извинување од Светското фудбалско тело (ФИФА) за означување на Крим на мапата користена во жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

За време на видеото пред жрепката во петокот, беше прикажана мапа на која се гледа дека Крим е дел од Русија, а не Украина. Русија го анектираше полуостровот во 2014 година, но меѓународната заедница не го признава тој чин.

 

„Не само што постапивте спротивно на меѓународното право, туку ја поддржавте и руската пропаганда, воените злосторства и криминалната агресија против Украина“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георги Тихи за ФИФА преку објава на X доцна во саботата.

Тој побара јавно извинување.

Портпаролот на ФИФА изјави дека графиката оттогаш била отстранета од видеото и за ситуацијата била разговарана со Украинците.

Веќе речиси три години Русија води војна против соседна Украина, која постојано ја објавува својата намера да го ослободи Крим од руската окупација.

globe

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.