Еоманија ја доби победата од 3:0 над Косово, откако нивниот натпревар од Лигата на нации во Букурешт беше прекинат прирезулат 0:0 кога гостинскиот тим го напушти теренот и мечот, соопшти во средата управното тело на европскиот фудбал.

Натпреварот од групата Ц2 беше прекинат минатиот петок во 95. минута, кога косовските фудбалери го напуштија теренот откако слушнаа „просрпски скандирања“ од страна на домашните навивачи а по кошкањето меѓу играчите што го предизвика гостинскиот капитен.

Претставниците на романскиот фудбалски сојуз го негираа скандирањето и посочија на провокации од страна на косовските репрезентативци.

За остварување на амбициите на Косово беше потребна победа од 3:0, што во моментот на прекинот беше неостварливо, но можеше да се оствари на „зелената маса“.

УЕФА заклучи дека косовската репрезентација е одговорна за прекинот на натпреварот и победата ѝ ја додели на Романија.

Романската фудбалска федерација (FRF) е казнета со 128.000 евра поради повеќе обвинувања, вклучително и едно за дискриминаторско и несоодветно однесување на тимот.

Следниот домашен меч во натпреварувањето под покровителство на УЕФА и Романија ќе мора да го игра пред празни трибини, поради ксенофобични антиунгарски скандирања.

Фудбалскиот сојуз на Косово (FFK) ќе плати казна од 6.000 евра за недоличното однесување на својот тим.

Со тоа Романија го заврши натпреварувањето во групата Ц2 од Лигата на нации со максимални 18 бодови, што и носи пласман во Б класата од Лигата на нации. Косово заврши на второто место во групата со 12 бодови и ќе игра за пласман во Б класа.

globe

Слични новости

НБА: Бостон го запре Кливленд

НБА: Бостон го запре Кливленд

Шампионот Бостон Селтикс му го нанесе првиот сезонски пораз на Кливленд Кавалирс по дури 15 победи на стартот, совладувајќи ги во својата сала со 120-117.