Уделот на доларот во глобалните девизни резерви падна на најниско ниво во последните сто години, иако американската валута и натаму останува водечка глобална валута за резерви. Сепак, нејзиниот некогашнепобитен статус, се повеќе се доведува во прашање пишува американскиот медиум „Анхерд“.
Според најновите податоци на ММФ доларот во моментов сочинува околу 57 насто од вкупните глобални резерви. Пред една деценија тој удел изнесуваше две третини, што укажува на долгорочен, но упорен пад на довербата во американската валута.
Уделот на еврото во резервите на централните банки со години е стабилен и изнесува околу 20 насто.
Слични новости
Цените на нафтата и гасот во режим на паника
Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.
Почна дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза
Во германската авиокомпанија Луфтханза денеска започна дводневен штрајк на пилотите кој би можел да добведе до околу 300 откажувања на летови дневно
Индексите на европските берзи во пад
Индексот на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна за 0,91 насто, францускиот ЦАЦ 40 падна за 0,64 насто, а лондонскиот ФТСЕ за 0,72 насто.


