Она што со децении важеше за еден од основните симболи на економската сигурност на европската средна класа- стално вработување, редовна плата и можност да се купи семеен стан или куќа, се повеќе станува недостижна цел.
Според резултатите на последното истражување повеќе од 70 проценти од населението во Европа живее во подрачја во кои просечната плата не е доволна за да се купи стан, дури ни со долгорочен кредит од 30 години.
Разликата меѓу заработувачката и трошоците за купување стан стануваат се поголеми и станаа најсериозен екномски проблем за средната класа во Европа.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

