Слонот за кој се верува дека бил еден од најголемите мажјаци со бивни (издадени заби секачи) во Африка, починал од старост во Кенија, објави BBC.
Слонот Крег починал од природна смрт во сабота наутро во Националниот парк Амбосели во јужна Кенија, потврдија чуварите на паркот.
„Крег штотуку наполни 54 години. Живееше долг живот и несомнено имал многу младенчиња“, соопшти Фондот за слонови Амбосели во својата проштална порака.
Познат по своите долги бивни, Крег беше главна атракција во паркот во близина на границата со Танзанија. Во 2021 година, тој беше назначен за амбасадор на популарниот кениски пивски бренд „Tusker“ – име кое се користи и за возрасни машки слонови со бивни.
Службата за диви животни во Кенија го опиша Крег како „икона“ на успешното зачувување на природата.
„Крег беше еден од последните преостанати супер слонови со бивни во Африка – ретка раса машки слон чии заби тежат над 45 килограми. Денес, останаа многу малку, што го прави жив споменик на природното наследство на Африка“, се додава во објавата.
Здружението за заштита на дивиот свет, исто така, соопшти дека „Крег бил длабоко сакан поради неговата извонредно мирна природа“, честопати „трпеливо застанувал додека посетителите фотографирале и снимале видеа од него“.
„Благодарение на неговите многубројни заштитници, тој починал мирно од природна смрт“, објави здружението.
Повеќе од два милиона туристи ја посетија Кенија минатата година, од кои многумина барајќи див свет во светски познатите национални паркови на земјата. Туристичкиот сектор на Кенија сочинува 10 отсто од БДП на земјата, велат официјалните лица.
Слични новости
Шон Пен осви трет Оскар со што стана дел од актерската елита заедно со Џек Николсон и Даниел Деј Луис
Шон Пен го освои Оскарот во многу силна конкуренција, затоа што извонредни улоги имаа и Бенисио дел Торо, Стелан Скарсгард во „Сентиментална вредност“ и Џејкоб Елорди во „Франкештајн“.
Гламурозното шоу Оскарите спектакл без ниту едно изненадување
Вечерта на Оскарите мина без изненадувања. Фаворитот „Една битка по друга“ освои шест Оскари меѓу кои и за филм на годината и режија. „Грешници“ кој имаше дури 16 номинации, освои вкупно 4 Оскари.
Доминација на Пол Томас Андерсон и неговиот филм „Една битка по друга„ на доделувањето на најзначајните филмски награди Оскарите
„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите. Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.


