Слонот за кој се верува дека бил еден од најголемите мажјаци со бивни (издадени заби секачи) во Африка, починал од старост во Кенија, објави BBC.

Слонот Крег починал од природна смрт во сабота наутро во Националниот парк Амбосели во јужна Кенија, потврдија чуварите на паркот.

„Крег штотуку наполни 54 години. Живееше долг живот и несомнено имал многу младенчиња“, соопшти Фондот за слонови Амбосели во својата проштална порака.

Познат по своите долги бивни, Крег беше главна атракција во паркот во близина на границата со Танзанија. Во 2021 година, тој беше назначен за амбасадор на популарниот кениски пивски бренд „Tusker“ – име кое се користи и за возрасни машки слонови со бивни.

Службата за диви животни во Кенија го опиша Крег како „икона“ на успешното зачувување на природата.

„Крег беше еден од последните преостанати супер слонови со бивни во Африка – ретка раса машки слон чии заби тежат над 45 килограми. Денес, останаа многу малку, што го прави жив споменик на природното наследство на Африка“, се додава во објавата.

Здружението за заштита на дивиот свет, исто така, соопшти дека „Крег бил длабоко сакан поради неговата извонредно мирна природа“, честопати „трпеливо застанувал додека посетителите фотографирале и снимале видеа од него“.

„Благодарение на неговите многубројни заштитници, тој починал мирно од природна смрт“, објави здружението.

Повеќе од два милиона туристи ја посетија Кенија минатата година, од кои многумина барајќи див свет во светски познатите национални паркови на земјата. Туристичкиот сектор на Кенија сочинува 10 отсто од БДП на земјата, велат официјалните лица.

globe

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.