Голем помор на автохтоната македонска пастрмка „Salmo macedonicus“ во реката Треска кај Кичево. Угинувањето на рибата е забележано денеска, откако водата во реката се избистрила.
Според првичната проценка на концесионерот „Хантер Фиш“, на потег долг околу 15 километри, од игралиштето во Влазними и пречистителната станица до селото Лисичани, угинале најмалку 15 тони риба.
Од „Хантер Фиш“ предупредуваат граѓаните да не ја собираат и консумираат угинатата риба, бидејќи не е безбедна за употреба.
Како можна причина за поморот се посочуваат многу нискиот водостој на Треска и нефункционирањето на пречистителната станица во Кичево.
Слични новости
Почнува исплатата на средства за клиентите на Алта Банка
Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари во период од две недели. Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред, а клиентите ќе добијат СМС-порака со точниот ден и час за подигање на средствата.
Рокас денеска ќе му го врачи извештајот на ЕК на премиерот Мицкоски
Европската комисија укажува на недостиг од напредок во усвојувањето на уставните измени, кои се услов за отворање на првиот преговарачки кластер, како и на ограничен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Обемна полициска акција во Куманово против лихвари
Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.


